• Тервол изолација
  • 30db звучна изолација
  • Од овој модел има со 2 и со 6 точки на заклучување
  • Димензија 950 х 2050мм
  • 3 години гаранција
  • Цена: 17.830 ден (Во цената не е вклучена монтажа)
ХТ П4

Две сигурносни брави со кодирани клучеви

Изолација - тервол

Основна намена на терволот е топлотната изолација и огноотпорноста. Терволот е огноотпорен материјал во највисоките критериуми за градежни материјали по ДИН 18165 (А1), неговиот степен на запаливост е над 1000степени C. Токму поради овие особености е толку застапен во сите сфери на градежништвото.

Терволот е добар звучен апсорбер и изолатор, и паропропустлив од каде доаѓа изразот дека добро дише. Тој е отпорен на микроорганизми.

Новите влезни врати дихтуваат и затвораат многу подобро од старите типови на врати и обично се со добра изолација. Ако градите нов дом би требало да земете предвид дека со инсталирање на врата со добра изолација, за неколку години инвестицијата ви се враќа повеќекратно со голема заштеда на топлотна енергија. Замената на старата врата без изолација со врата со добра изолација е секогаш добра инвестиција.

Метална врата која целосно го покрива отворот има дихтунзи (слично како фрижидер); исполнета со тервол и намонтирана правилно има 5 пати поголема изолација од врата со иста дебелина на крило направена од полно дрво.

Метална врата со дихтунзи исполнета со тервол или полиуретан, правилно намонтирана има околу 30db звучна изолација, што значи не ги пропушта звуците кои секојдневно ве иритираат како што е одењето и зборување по скали, трескање на вратите од лифтот и сличните звуци.

Надворешна заштита – обложена со медијапан

За да се усогласи традиционалниот културен фактор и модерниот дизајнерски концепт, заштитата дрво- челик го спојува модерното со традиционалното, дрвото со металот. Над челичниот лим се лепат медијапански плочи, со што вратата има додатна изолација. Лесен е за одржување, не бледее, во случај на оштетување може да се лакира.