Проспера е основана во 2004 година од кога почнува да се занимава со продажба на сигурносни врати. Се уште сигурносните врати се нашата основна дејност. Продажбата иницирана на подрачјето на Скопје и Куманово ја проширивме низ целата држава. Од самото формирање до ден денес напорно работиме на константно подобрување на квалитетот на вратите што ги нудиме, но уште повеќе на подобрување на услугата која не зближува со купувачот и не издвојува од конкуренцијата.

Нашата цел и обврска е

  • Во продажните салони да обезбедиме беспрекорна презентација за да бидеме сигурни дека ќе го добиете тоа што ви е потребно
  • Да обезбедиме висококвалитетна монтажа за да бидете сигурни дека сте добиле повеќе отколку што сте очекувале
  • Да обезбедиме голем број задоволни купувачи за да ПРОСПЕРА биде сигурна дека во годините што доаѓаат ќе добие нови купувачи