Почитувани купувачи,

Ви благодариме на изборот за купување на врата од нашата фирма. ПРОСПЕРА ви дава гаранција за вратите купени од нашиот продажен салон, или од овластените дилери низ Републиката. Времетраењето на гаранцијата е 3 години.
Во гаранцијата е вклучена целата врата освен прагчето.

Гаранцијата е важечка само ако монтажата е извршена од лица овластени од увозникот.

Гаранцијата е важечка, ако во време на гарантниот рок производот покаже неисправност или технички недостаток. Кога производот не функционира во гарантниот рок, на барање на сопственикот на гарантниот лист, нашиот сервис ќе ги отстрани на наша сметка, сите грешки и недостатоци кај монтажата или кај самиот производ. Притоа се мисли на трошоците за резервни делови, работна рака и транспортни трошоци. Производот ќе се сервисира најдоцна за 10 работни дена (во случај сервисерите да имаат обезбеден пристап за работа), Доколку поправката не се заврши во одредениот рок, на ваше барање производот ќе ви биде заменет со нов. Увозникот обезбедува резервни делови и сервисни услуги и по истекот на гарантниот рок, но во тој случај трошоците се на сметка на купувачот.

Гаранцијата престанува да важи

  • кога оштетувањето е предизвикано од механички удар по вина на корисникот
  • кога производот е оштетен поради нестручно однесување од страна на корисникот
  • кога производот е сервисиран или поправан од неовластени лица или сервиси

НАПОМЕНА

Ве молиме пред преземањето проверете го производот од механички и транспортни оштетување. Рекламации од транспортни оштетувања по преземањето нема да бидат прифатени.

СОВЕТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ

Вратите се пребришуваат со влажна крпа или по потреба со сапун и вода.