• Полиуретан изолација
  • 30db звучна изолација
  • 5 точки на заклучување
  • Димензија 1200 х 2050мм
  • 3 години гаранција
  • Цена: 27.680 ден (Во цената не е вклучена монтажа)
МБ4ГА

Сигурносна брава со кодирани клучеви

Изолација - полиуретан

Полиуретан (сличен материјал како познатата полиуретанска пена само поконцентриран) е затворено ќелиски изолационен материјал кој користи многу ниско спроводлив гас во своите ќелии. Високиот термички отпор на гасот го прави полиуретанот материјал со одлична термичка изолација.

Новите влезни врати дихтуваат и затвораат многу подобро од старите типови на врати и обично се со добра изолација. Ако градите нов дом би требало да земете предвид дека со инсталирање на врата со добра изолација, за неколку години инвестицијата ви се враќа повеќекратно со голема заштеда на топлотна енергија. Замената на старата врата без изолација со врата со добра изолација е секогаш добра инвестиција.

Метална врата која целосно го покрива отворот има дихтунзи (слично како фрижидер); исполнета со тервол и намонтирана правилно има 7 пати поголема изолација од врата со иста дебелина на крило направена од полно дрво.

Метална врата со дихтунзи исполнета со тервол или полиуретан, правилно намонтирана има околу 30db звучна изолација, што значи не ги пропушта звуците кои секојдневно ве иритираат како што е одењето и зборување по скали, трескање на вратите од лифтот и сличните звуци.

Надворешна заштита – електростатично прскана

Истиот принцип се користи за боење на лимот од колите, електростатично или популарно автолакерски нанесување на боја. Ако оваа врата е намонтирана без да се оштети прашкастото прекривање и самата врата се одржува правилно, бојата ќе биде трајна, а челикот е заштитен од корозија. Правилно нанесена боја нема да пука, да се лупи и бледее како што е тоа случај со конвенционалните бои.

Вратата би требало да се чисти со вода и сапун, потоа да се измие со чиста вода. Оваа постапка би требало да се повторува на интервали од 6 месеци.