

| Гаранција на подови | Домашна употреба | Комерцијална употреба |
| Каиндл Оне 7.0 | 15 години | 5 години |
| Каиндл Оне 8.0 /8.5 /10.0 Каиндл ЛОК 7.0 и 8.0 |
30 години | 5 години |
Услови на гаранција
Нашата гаранција е валидна за сите горенаведени КАИНДЛ ОНЕ и КАИНДЛЕ ЛОК ламинати кои се поставени во простории каде се изложени на нормално користење за нивната препорачана крајна употребна категорија според ЕН 685, но не во услови на необичен хемиски или механички стрес. Гаранцијата ќе биде важечка од датумот на купување. Гаранцијата не е пренослива; се однесува само на првиот купувач.
Поставување
Каиндл ламинатите мораат да бидат поставени како што е опишано во Каиндл прирачникот за поставување. Ќе најдете копија со инструкции во секој трет пакет; подетални информации за поставување се достапни (во видео форма) по барање од вашиот локален дилер или на интернет stranata на www.kaindl.com
Третирање
Користење на подот за друга намена од предложената автоматски ќе резултира со откажување на гаранцијата како и неуспешност да се потврдат инструкциите за правилно чистење и негување на подот. На локации користени за комерцијална употреба, надворешни чергичиња или други одговарачки сервиси за чистење на чевли мора да бидат обезбедени. Исполнување на инструкциите за чистење и одржување (копија инсертирана во секој трет пакет) е задолжително за декларирање на гаранцијата. Стареењето под нормални оклолности не е вклучено во гаранцијата.
Отпорност на абразија
Состојба под гаранција за абразиони дефекти ќе биде прифатена ако на простор од најмалку еден центиметар квадратен бојата е комплетно отстранета. Како и да е гребењето на бојата на рабовите не е покриено од гаранцијата.
Отпоност на светлина
Бојата е непроменлива на светлина особено на сончева светлина, според Плава волнена скала не полошо од 6.Тест методи според ЕН 20105. Со исклучок на природно стареење.
Отпорност на дамки
При било која случка на контаминација со следниве супстанци: ацетон, крема за раце, природни овoшни и зеленчукови напитоци, маснотии, кафе, кола-напитоци, лак за нокти и слични производи.
Тврдења , Барања
Било кое барање за оштета мора да биде во пишана форма и оригиналната сметка од купувањето мора да биде приложена. Барањето мора да биде пратено во рок од 30дена од пронаоѓањето на дефектот. Ние го задржуваме правото самите да го испитаме дефектот, или да биде тоа направено од наш овластен агент, пред да прифатиме било какво тврдење.
Компензација на штета под гаранција
Оштетување под гаранција ќе биде прецизирано во пропорција со пазарната вредност на производите кои се во прашање. Оценување на пазарната вредност е базирано на периодот на гаранција. Компензацијата на штета се пресметува на следниве начини:
Ако тврдењето под гаранција е прифатено, клиентот ќе биде обезбеден со неопходната замена, бесплатно од дилерот кој ја има направено продажбата. Трошоците за поставување ќе бидат на товар на клиентот; поврзаните штети од било која природа кои не се покриени со гаранцијата. Во случај КАИНДЛ да не располагаат со бараната боја, од асортиманот ќе биде направен избор кој е достапен во тоа време.
Зад гаранцијата на Каиндл ламинатот стои Проспера како генерален увозник за Република Македонија.
Гаранцијата што ја издава Проспера е идентична со оргиналната гаранцијата на Каиндл, која може да се превземе од официјалната страна на Каиндл од следниот линк