1. Потребен алат: Метар, хебла, чекан, клешти, либела, клуч 17, ударна дупчалка.

  2. Заедно со сопственикот се проверува вратата од оштетувања. Сопственикот потврдува дека тоа е вратата што ја има нарачано и вратата е неоштетена.

  3. Провери ја димензијата на отворот и начинот на отварање на вратата. Ако отворот во зидот не одговара, треба да се корегира. Идеална димензија на отворот во зидот е 1,5цм до 4цм поголема од димензијата на касата на вратата што ќе се монтира. Доколку зидот е од шуплива цигла, се полни со малтер.

  4. Се мести рачката на вратата и клучот на бравата.

  5. Вратата се поставува во отворот на зидот, и се подглавува и фиксира со дрвени подметнувачи од горната и долната страна. Вратата се нивелира со помош на либела и висок и се тестира затворањето и заклучувањето. Ако е прецизно нивелирана вратата, истата затвора и се заклучува без трескање и без никаков напор.. Гледано од внатрешната страна, треба да има исто растојание (ист луфт) меѓу крилото и касата од сите четири страни.

  6. Се буши зидот (доколку е бетонот или полна цигла) и вратата се шрафи. Шрафовите не смеат многу да се стегаат, треба да бидат цврсти ама не премногу. После шрафењето на сите шест шрафа се тестира затворањето и заклучувањето на вратата, доколку е добро тогаш се стегаат шрафовите. После стегањето на секој шраф се повторува процедурата на тестирање.

  7. По проверката дека вратата е правилно прицврстена, шуплината меѓу штокот и зидот се полни со полиуретанска пена или со цемент, поради подобро прицврстување и изолација.

  8. Останува да се среди зидот што не е покриен со штокот на вратата. Се препорачува да се покрие со гипс-картон или да се измалтерисува. Оваа дополнителна работе не спаѓа во монтажата и би требало да ја направи купувачот.