

Сигурносна брава со кодирани клучеви и помошна сеф брава
Сеф брава или брава со каса клуч порано се користеше само во сефовите, а сега наоѓа примена кај новите типови сигурносни врати. Сеф бравата нема цилиндер, поставена е подлабоко во крилото и вратите со ваква брава се многу тешки за провалување, во станбени згради невозможно. Како по правило крадците ги избегнуваат овие врати, дури не се ни обидуваат и одат кај соседите кои имаат послаба врата и брава.
Изолација - тервол
Основна намена на терволот е топлотната изолација и огноотпорноста. Терволот е огноотпорен материјал во највисоките критериуми за градежни материјали по ДИН 18165 (А1), неговиот степен на запаливост е над 1000степени C. Токму поради овие особености е толку застапен во сите сфери на градежништвото.
Терволот е добар звучен апсорбер и изолатор, и паропропустлив од каде доаѓа изразот дека добро дише. Тој е отпорен на микроорганизми.
Новите влезни врати дихтуваат и затвораат многу подобро од старите типови на врати и обично се со добра изолација. Ако градите нов дом би требало да земете предвид дека со инсталирање на врата со добра изолација, за неколку години инвестицијата ви се враќа повеќекратно со голема заштеда на топлотна енергија. Замената на старата врата без изолација со врата со добра изолација е секогаш добра инвестиција.
Метална врата која целосно го покрива отворот има дихтунзи (слично како фрижидер); исполнета со тервол и намонтирана правилно има 5 пати поголема изолација од врата со иста дебелина на крило направена од полно дрво.
Метална врата со дихтунзи исполнета со тервол или полиуретан, правилно намонтирана има околу 30db звучна изолација, што значи не ги пропушта звуците кои секојдневно ве иритираат како што е одењето и зборување по скали, трескање на вратите од лифтот и сличните звуци.
Надворешна заштита – трансферно пресликување
Заштита на овој метод се врши во две фази . Првата е прочистување на челикот со помош на висока температура и пескарење. Втората фаза подразбира нанесување на фолија под голема температура и притисок на самиот челикот. На овој начин на челикот му се дава топол изглед на дрво со неограничен избор на бои и шари.
Лесни се за одржување; се препорачува да се чистат само со вода.
